Управниот одбор на ФФМ ја потврди распределбата на финансиски средства од УЕФА кон домашните клубови од Прва, Втора, Женска МФЛ и Прва футсал лига.
Имајќи ја предвид важноста на овие средства за развојот на клубскиот фудбал, како и обврската за транспарентно и отчетно управување со истите, вкупниот износ на средства што ФФМ ги има префрлено кон клубовите во сезоната 2025/26 изнесува 9.414.689 евра.
Средствата се распределени согласно утврдените критериуми и механизми на УЕФА, водејќи сметка за правичноста, одржливоста и поттикнувањето на развојот на клубовите на сите нивоа на натпреварување.
Детален преглед на распределбата по клубови:
Женска МФЛ и футсал
ЖФК Љуботен – 227.000 евра
КМФ Форца 2015 – 60.000 евра
Клубови – Прва МФЛ
ФК АП Брера – 180.583 евра
ФК Аресими 1973 – 180.583 евра
ФК Башкими 1947 – 180.583 евра
ФК Вардар – 880.583 евра
ФК Македонија ЃП – 180.583 евра
ФК Пелистер – 180.583 евра
ФК Работнички – 541.583 евра
ФК Силекс – 505.583 евра
ФК Струга Трим Лум – 180.583 евра
ФК Тиквеш – 180.583 евра
ФК Шкендија – 5.771.699 евра
Клубови – Втора МФЛ
ФК Беласица – 10.944 евра
ФК Брегалница 2008 – 10.944 евра
ФК Вардар Неготино – 10.944 евра
ФК Големо Коњари – 10.944 евра
ФК Детонит Јуниор – 10.944 евра
ФК Каменица Саса – 10.944 евра
ФК Кожуф Гевгелија – 10.944 евра
ФК Новаци 2005 – 10.944 евра
ФК Осогово – 10.944 евра
ФК Охрид Лихнидос – 10.944 евра
ФК Преспа – 10.944 евра
ФК Скопје – 10.944 евра
ФК Слога 1934 – 10.944 евра
ФК Тетекс 1953 – 10.944 евра
ФК Шкендија Арачиново – 10.944 евра
– На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалска федерација на Македонија беше разгледана состојбата со финансиските обврски на клубовите од Втората македонска фудбалска лига кон ФФМ.
И покрај поддршката од страна на Федерацијата и пренамената на дел од средствата од УЕФА за намалување на долговите преку компензации, дел од клубовите и понатаму се соочуваат со значителни финансиски обврски.
Заклучно со 18 мај 2026 година, вкупниот долг на второлигашките клубови кон ФФМ изнесува 5.527.131 денари, односно нешто повеќе од 90.000 евра.
Се потенцираше дека и покрај минатогодишното ослободување од плаќање котизација, финансиската дисциплина останува сериозен предизвик, поради што во следниот период ќе бидат разгледани дополнителни мерки за стабилизација на клубовите и подобрување на финансиската одговорност.
ДОЛГОВИ КЛУБОВИ ВТОРА МФЛ 2025-26
ФК Беласица – 507,026 ден.
ФК Брегалница 2008 – 104,761 ден.
ФК Вардар Неготино – 23,676 ден.
ФК Големо Коњари – 18,755 ден.
ФК Детонит Јуниор – 924 ден.
ФК Каменица Саса – 922 ден.
ФК Кожуф Гевгелија – 183,761 ден.
ФК Новаци 2005 – 19,239 ден.
ФК Осогово – 11,069 ден.
ФК Охрид Лихнидос – 551,213 ден.
ФК Победа – 2,244,857 ден.
ФК Скопје – 964,972 ден.
ФК Слога 1934 – 44,893 ден.
ФК Тетекс 1953 – 712,588 ден.
ФК Шкендија Арачиново 77 – 148,360 ден.
ФК Преспа – 32,285 ден.
– Управниот одбор на ФФМ го разгледан извештајот од Ад хок комисијата за ревизија на едукативниот процес за стекнување и издавање на ПРО тренерски лиценци. По завршување на работата и целокупниот процес на Комисијата, на една од следните седници на Управниот одбор ќе биде доставен финален извештај.





