Познати се арбитрите кои се делегирани за првиот натпревар од годинешното издание во Лигата на нации во кој репрезентацијата на Македонија в сабота се среќава со Швајцарија.
Главен судија е Германецот, Даниел Шлагер, а ќе му помагаат Свен Новицки и Тобијас Фрич. За четврти судија е делегиран Робин Браун, а во ВАР собата ќе се бидат Бенјамин Бранд и Бенјамин Кортус.
За германскиот арбитар кој знакот на ФИФА го носи од 2022 година ова ќе биде вкупно 303 натпревар во кариерата, а само втор во Лигата на нации и тоа во претходното издание кога на 17 ноември 2024 година ја делел правдата на мечот меѓу Македонија и Фарски Острови во кој забележавме победа со 1:0, а стрелец на голот беше Бојан Миовски.
Шлагер во просек покажува по 4,31 жолт картон, а на натпреварот на Арената Тодор Проески шестмина фудбалери добија опомени и тоа Никола Серафимов, Езгијан Алиоски, Енис Барди, Исник Алими, Милан Ристовски и Петур Кнудсен.
Германскиот арбитар бил делегиран и два натпревари во квалификациите за Европското првенство додека во клупските натпреварувања во организација на УЕФА судел на 16 меча од кои 13 во Конференциска и три во Лига Европа.
Во Бундес лигата Шлагер судел на 106 натпревари додека во Купот на Германија бил делегиран на 17 меча.





