Објавено на 16 Мај, 2022 во Вести, Семинари
Фудбалската федерација на Македонија и Центарот за едукација во периодот од 10. до 15. мај во хотел „Истатов“ во Дојран го организираа првиот курс за добивање на УЕФА Ц тренерска лиценца во Македонија.
На курсот беа присутни сите пријавени 36 кандидати кои успешно ги комплетираа обврските поврзани со теоретско-практичната настава одржана на семинарот во рамки на група 1.
Предавачи - Демонстратори во Центарот за едукација (ЦЕ) кои го реализираа курсот беа: Небојша Марковски - директор ЦЕ на ФФМ, Ленче А. Величковска - Декан ФФОСЗ, Вујица Живковиќ - Проф. ФФОСЗ, Висар Ганиу - градоначалник на Општина Чаир, Жикица Тасевски - професор ФФОСЗ, Борче Христов - УЕФА ПРО, Гордан Здравков - УЕФА ПРО, Др. Илија Стоилов, Бојан Марковски - грасрут Менаџер;
Со оглед на големиот интерес и пријавените повеќе од 100 кандидати, покрај првата, Центарот за едукација при ФФМ формираше уште две групи.
Вториот курс за група 2 во рамки на првата генерација кандидати за добивање на УЕФА Ц диплома ќе се одржи во период 23. до 28. мај 2022. Третиот пак, наменет за Група 3 ќе се одржи во период 6. до 11.јуни 2022. Двата курса ќе бидат организирани во хотел Истатов, Дојран.
Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...
Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....