Футсал: Македонија поразена со 3:0 од Франција до 23 на втората контролна средба

Објавено на 14 Април, 2022 во Вести, Футсал


Футсал репрезентацијата на Македонија беше поразена со 3:0 од селекцијата на Франција до 23 години во вториот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции. 

Во спортскиот центар „Борис Трајковски" противникот сосема заслужно успеа да оствари нова победа над нашите фудбалери. 

Првиот дуел одигран помеѓу овие две селекции заврши 5:3 во корист на Франција.

Првиот погодок на средбата го постигна Нама Траоре во 18. минута. Во 24. минута нов погодок во нашата мрежа.  Мелание Анатоле погоди за предност на Франција од 2:0.

Конечните 3:0 ги постави Бетгха Хаус во 32. минута од мечот.





   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација