Раководството на ФФМ и в.д. градоначалникот на Штип официјално го потпишаа договорот за новиот стадион во Штип

Објавено на 10 Декември, 2020 во Вести, Инфраструктура

За една година, Градскиот стадион во Штип ќе добие целосно нова западна трибина со капацитет од 2400 места и со поттрибински простори.

Раководството на Фудбалската федерација на Македонија предводено од претседателот, Муамед Сејдини и потпретседателот, Лазар Ракиџиев официјално со в.д. градоначалникот на општина Штип, Јане Миланов го потпишаа договорот за изградба на западната трибина на Градскиот стадион и реконструкција на стадионот во Штип.

Во претходно претставениот основен проект за новата западна трибина на стадионот во Штип, а финансиран од Фудбалската федерација на Македонија преку програмата „Хет-Трик 5“ на УЕФА, предвидено е западната трибина која целосно е обврска на ФФМ да има капацитет од 2.400 места за седење, ВИП ложа, простор за медиуми и за лица со инвалититет, а во поттрибинскиот простор соблекувални и простории за службени лица по стандардите на УЕФА и ФИФА. 

Во овој период плановите и намерата на Фудбалската федерација на Македонија се насочени кон подобрување на условите на стадионите во нашата држава, со цел натпреварувачката сезона 2021/2022 клубовите од МФЛ да ја дочекаат на реконструирани стадиони со што фудбалерите би добиле максимални услови за игра, а гледачите на стадионите и покрај малите екрани уживање во фудбалот. Во таа насока, ФФМ преку „Хет-Трик 5“ програмата ја финансираше и целосно ја заврши изградбата на новата трибина на стадионот во Чаир, а во финална фаза е изградбата на новата трибина и на стадионот „Билијанини Извори“ во Охрид.

Преку овој проект, новиот стадион во Штип нѐ само што ќе стане вистински фудбалски дом за штипската гордост, ФК Брегалница, туку би бил прилика и за македонската репрезентација да биде домаќин на важни квалификациски натпревари.

За една година градскиот стадион во Штип ќе добие целосно нова западна трибина со капацитет од 2400 места и со поттрибински простори. Секако, општина Штип ќе инвестира и во реконструкција на источната трибина, така што Штип ќе добие модерен стадион каде што ќе може да настапува и нашата репрезентација. Во изминатиот период правиме големи работи за фудбалската инфраструктура во нашата држава, а еден од важните центри е Штип. Допрва следува најважниот дел, но се надевам дека се ќе се одвива според предвидената динамика и на крајот ќе бидеме горди на новиот стадион во еден од најфудбалските градови во нашата држава, изјави Муамед Сејдини, претседател на ФФМ.

Договорот што денеска беше потпишан ги содржи меѓусебните права и обврски помеѓу договорените страни, односно ФФМ и Општина Штип.

В.Д. градоначалникот, Јане Миланов истакна дека му е огромна чест што започнува со изградба на еден ваков проект кој ќе значи многу за Штип и штипјани.

Денеска потпишавме договор за изградба на западната трибина на градскиот стадион во Штип. Овој договор ги содржи нашите меѓусебни права и обврски. Придобивките од оваа трибина се огромни не само за спортот во Штип, туку и за љубителите на спортот, истакна в.д. градоначалникот, Миланов.




   
   
Актуелности

26.02.2024    Антидопинг

ФФМ организираше две антидопинг работилници

Работилниците беа организирани за македонските репрезентативки од А селекцијата и младите репрезентативци до 17 години. ...

Календар
А репрезентација